НОВИ АУДИО СНИМКИ ОД РЕКЕТ: Викни утре да се видиме и да се разбереме со Вице, ќе крварат и они и ние

Во текот на вчерашниот ден на „YouTube“ беа поставени аудио снимки на кои се слуша глас кој многу наликува на бизнисменот Орце Камчев кој е поврзан со случајот „Рекет“.

Според тоа што може да се слушне од аудио снимките, тој бара средба со братот на премиерот Заев, Вице и упатува закана доколку не се завршела договорената работа ќе крварат сите. Исто така може да слушне дека ако нема договор материјалите ќе биле пуштени од Бугарија, а ја потенцира својата блиска соработка со најголемата опозициска партија.

Шефе, ако не се смири топката, дај да пробаме да направиме некакво смирување и нешто со ВМРО-ДПМНЕ, они двајца со некакви двајца медијатори наши, странски, да се закопаат секирите сите, привидно да се глуми кавга, они ќе изгубат, кај и да е ВМРО ќе си дојде. Ако треба крв, и крв. Имаш деца, имаш машко дете. Ќерка му е што ме боли к…т. И да не нема тоа е, ама нема да дозволам да ми го газат достоинството. Јас со Сашо Мијалков се расчистив.

Прочитајте и...  Управните служби на МВР со ново работно време во пресрет на годишните одмори

– Имаш ли некое влијание или не кај нив? Викни утре да се видиме и да се разбереме со Вице. Ќе крварат и они и ние.

– Ќе пуштам од Бугарија како Ким Јонг… Па тепајте се во Македонија. И ќе иде се у п…у матер. И ќе дојде Мицкоски. И шо праиме после? Треба крв до колена? Не се научија дека 30 години најпаметни Љупчо и Бранко испаднаа и после седнаа се договорија, така беше?

– Никој не знаеме кој што има од тоа време. Јас што имам, значи сакам да ги рушам Заеви. Значи јас, сега видов, јас ќе бев во затвор, тоа нема да се деси. Што треба да претендирам да станам премиер да го добијам тоа, не ме интересира, остајте ме, не барам ништо, не барајте ништо.

Прочитајте и...  Продолжува да важи платеното породилно отсуство до завршувањето на времените мерки

Во снимките кои траат по десетина секунди не може да се слушне кој е соговорникот, а исто така ниту пак како е сниман разговорот.

Прочитај повеќе

Одложено лансирањето на ракетата, нов обид во сабота

Слободен печат

Тивок бунт во Франција: Угостителите на празни маси и со положени униформи ги сервираа своите барања

Слободен печат

Ваучер од 6 илјади денари за летување во Македонија може да добијат повеќе членови на исто семејство

Слободен печат

САД надмина 100 илјади жртви од коронавирусот

Слободен печат

Филипче: Имаме помала стапка на смртност од Грција и од Словенија

Слободен печат

Еден од платените убијци кои пукаа во црногорскиот мафијаш во Киев имал македонски пасош (ВИДЕО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Лошото време може да го одложи стартот на ракетата на „СпејсИкс” со американски астронаути

Слободен печат

Вашингтон формално заклучи дека Хонгконг не ја задржал автономијата

Слободен печат

Заев апелира мерките да се почитуваат без исклучок

Слободен печат

Борел: Единствено дијалогот на ЕУ гарантира европска иднина на Србија и на Косово

Слободен печат

Терминот во којшто може сигурно да се очекува отворање на градинките е 15 јуни

Слободен печат

Се чека дури 14 дена за испорака: Календар со нацисти предизвика бес ширум светот!

Слободен печат