Новата премиерка на Северна Ирска на првото интервју побара обединување со Ирска

Фото: Твитер

Новата премиерка на Северна Ирска, Мишел О’Нил денеска изјави дека е за референдум за обединување со Република Ирска во следните десет години.

Во своето прво интервју откако во саботата беше избрана да ја води владата на таа британска провинција, таа рече дека нејзиниот избор за премиер ја покажува промената што се случува на островот, објави Скај њуз.

На прашањето дали „очекува референдум за обединување на Северна Исрка со Република Ирска во следните 10 години, Мишел О’Нил, која е потпретседателка на Шин Фејн, одговори потврдно.

„Да, верувам дека сме во деценија на можности. Толку многу работи се менуваат. Претходно, беше незамисливо премиерот на Северна Ирска да биде националистички републиканец“, вели О’Нил.

Мишел О’Нил (47) стана премиер по две години политичка парализа во Северна Ирска. Таа е првиот републикански премиер од Шин Фејн, поранешното политичко крило на Ирската републиканска армија (ИРА).

Според неа, Шин Фејн може да ја дели власта со владејачката Демократска унионистичка партија (ДУП), иако унионистите се залагаат да ја задржат Северна Ирска во рамките на Велика Британија.

„Можеме да ја споделиме моќта и да ја направиме Северна Ирска стабилна, можеме да работиме заедно во поглед на јавните услуги, а исто така да ги следиме легитимните аспирации“, рече О’Нил.

Британската влада, пак, веќе се изјасни дека „не гледа реална перспектива“ за таков референдум и верува дека иднината на Северна Ирска е „загарантирана во следните децении“ во рамките на Обединетото Кралство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот