Фото: EPA/TOLGA AKMEN

Новак Ѓоковиќ и Олга Даниловиќ ќе играат во мешани двојки на САД опен

Новак Ѓоковиќ и Олга Даниловиќ ќе се натпреваруваат заедно во мешани двојки на претстојното Отворено првенство на САД, објавија организаторите на последниот грен слем турнир во сезоната.

На официјалната страница на САД опен на социјалната мрежа X, српскиот тениски е еден од шесте кои добија посебна покана за учество во мешани двојки.

Покрај Ѓоковиќ и Даниловиќ, специјална покана доби и британско-шпанскиот тандем Ема Радукану и Карлос Алкараз, како и американскиот парВенус Вилијамс и Рајли Опелка.

Организаторите соопштија дека осум двојки веќе се квалификуваа директно на главниот турнир, меѓу кои Ема Наваро и Јаник Синер, Ига Швјотенк и Каспер Руд, Мира Андреева и Даниил Медведев, како и Белинда Бенчиќ и Александар Зверев.

Се очекува да бидат доделени уште две вајлд-карти пред почетокот на турнирот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот