Новак: Федерер ми е инспирација

Новак Ѓоковиќ по петти пат е шампион на Вимблдон, а три трофеи освои откако во финалето е поуспешен од Рожер Федерер. Во денешното епско финале, Ѓоковиќ за 4 часа и 55 минути победи со 3:2 во сетови го совлада големиот ривал.

– Ова е веројатно највозбудливото финале кое сум го одиграл. Можеби е едно од најдобрите 2-3 и тоа  против еден од најголемите тенисери на сите времиња, Рожер Федерер,  кого неверојатно го почитувам – рече Ѓоковиќ кој во петтиот сет спаси дури две меч топки, а потоа во историскиот тај брејк да дојде до победата.

– Неверојатни беа оние две меч топки на Федерер. Чудно е да се игра тај брејк на 12:12.Во вакви дуели мора некој да загуби, а двајцата имавме шанси да победиме. Рожер изјави дека се надева дека ќе ги инспирира луѓето, им покажа дека и со 37 години може да се направат големи работи. Морам да кажам дека и јас сум еден од тие, Рожер е инспирација за мене.

Со петтата победа на Вимблдон, Ѓоковиќ се израмни по бројот на трофеите со легендарниот Бјорн Борг.

– Сум кажам и во минатото, но кога бев дете и сонував да бидам тенисер, ова беше турнирот на кој сакав да успеам, да станам шампион. Имам многу трофеи во својата соба, но отсекогаш сакав да бидам на ова место, да ги поделам специјалните чувства со мојот син и со семејството – додаде српскиот тенисер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот