железничка несреќа фото: принтскрин/rtve.es

Нова железничка несреќа во Шпанија: Воз излета од шините, има тешко повредени

Тринаесет луѓе се повредени кога вечерва патнички воз излета од шините откако заштитен ѕид се урна врз шините во близина на Барселона, соопштија службите за итни случаи.

Шпанската ТВЕ објави дека четворица, вклучувајќи го и машиновозачот, се сериозно повредени.

 

Оваа несреќа се случи само два дена по сериозната железничка несреќа во Андалузија во која животот го загубија 42-ца патници. Кобната несреќа се случи кога задниот дел од возот на приватната компанија „Ирјо“, кој сообраќал на линијата Малага-Мадрид, излетал од шините и се префрлил на соседната пруга, каде што директно се судрил со возот на државната железница „Ренфе“, кој сообраќал од Мадрид до Уелва.

Ударот бил толку силен што возот „Ренфе“ бил исфрлен од шините на железничкиот насип.

ВИДЕО | Во судир на два воза во Шпанија, 39 загинати, стотина повредени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот