Нова студија сугерира дека работата од дома заштедува струја и драстично ги намалува емисиите на стакленички гасови

Profimedia
Фото: Профимедиа

Малку по малку, изминатава година и пол, компаниите почнаа да ги охрабруваат вработените да се вратат во канцелариите по завршувањето на мерките воведени поради ковид пандемијата. Но, тоа охрабрување почна повеќе да личи на принуда, особено кај технолошките гиганти каде што беа објавени неколку рунди на отпуштања откако беа олеснети ограничувањата за пандемијата.

Претходно во септември, извршниот директор на Амазон, Енди Џеси го предупреди персоналот дека ако одбијат да работат најмалку три дена неделно во канцеларија, „веројатно нема да функционира така“.

Гугл, Мета и Икс претходно им кажаа на вработените да ја намалат работата од дома и да се вратат на работа слично како што беше пред ковид.

Но, вработените кои не сакаат да се вратат во канцеларија бидејќи работата од дома им овозможува да се чувствуваат неограничени, сега имаат одговор за нивните шефови.

Според истражувањето објавено во списанието ПНАС (Proceedings of the National Academy of Sciences) во САД, „работниците од дома произведуваат помалку од половина од емисиите на стакленички гасови на канцелариските работници“.

Тоа е затоа што факторите како што се патувањето на работа и користењето на струја во зградата зависат од тоа колку луѓе патуваат и колку често го прават тоа.

Вработените од дома со полно работно време би можеле да „придонесат за 54 отсто намалување на емисиите на стакленички гасови по глава на жител“, што би било „првенствено поради намаленото користење на енергијата во канцелариите“, велат истражувачите предводени од инженерот Јанкиу Тао од Универзитетот Корнел.

Но, додека 2-4 дена работа од дома би довело до пад од „до 29 проценти“, ограничувањето на далечинското работење на еден ден во неделата би значело пад од само 2 проценти, што значи дека нема никаква корист, според тимот на Лонгки. Јанг од Мајкрософт .

Истражувањето опфати податоци од над 100.000 примероци, вклучително и Американското истражување за потрошувачка на енергија во станбени простории и податоци за вработените во Мајкрософт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот