Нова рунда консултации меѓу американски и руски дипломати утре во Истанбул
Нова рунда консултации меѓу Русија и САД ќе се одржи утре, четврток, во рускиот конзулат во Истанбул, објави во вторникот дипломатски извор.
Препорачано
Во февруари, претставниците на Русија и на Соединетите Држави одржаа разговори во Истанбул за да го вратат непреченото функционирање на нивните амбасади. Разговорите беа опишани како прв тест за нивната способност да ги обноват и прошират односите.
Руската новинска агенција ТАСС јави, повикувајќи се на Министерството за надворешни работи, дека консултациите во Истанбул ќе се одржат „во наредните денови“.
Руската делегација ќе ја предводи Александар Дарциев, кој неодамна беше именуван за амбасадор на Русија во Вашингтон. Соединетите Американски Држави ќе ги претставува заменик-помошникот државен секретар Соната Колтер.
Во двете делегации ќе има само дипломати, а разговорите ќе се фокусираат на нормализирање на работата на дипломатските претставништва на двете земји, велат од Москва.
Руски и американски претставници, исто така, се состанаа во февруари во Ријад, Саудиска Арабија, за да разговараат за тоа како да се стави крај на војната во Украина.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
30сек
-
15мин
-
25мин
-
41мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


