Сузана Турунџиева / Фото: Фејсбук/Сузана Турунџиева

Нова емотивна приказна на Сузана Турунџиева, во која многумина ќе се пронајдат

По тешката дијагноза со која се бореше и се избори, Сузана Турунџиева раскажа емотивна и мудра приказна во која многумина ќе се пронајдат.

„Моќта на Универзумот продира низ нас. НИЕ проектираме и привлекуваме енергија. Квалитетот на енергијата која ја привлекуваме се заснова на квалитетот на енергијата која ја испуштаме. Како што радиостаницата емитува сигнал на одредени фреквенции за да воспостави сигнал, така НИЕ мораме да го подесиме апаратот на таа иста фреквенција, инаку нема да ја најдеме саканата станица.

НИЕ сме радиоапаратот!

Затоа, за да ги привлечеме настаните кои ги посакуваме, нашето делување мора да се заснова на искрено самовреднување и почит спрема себе и сопствениот живот. НИЕ мораме да створиме длабоко уверување дека тоа што го сакаме, тоа и вистински го заслужуваме!

Во спротивно ‘радиоапаратот’ не успева да ја пронајде саканата ‘станица’“, напиша водителката и пејачка на нејзиниот фејсбук-профил.


„Во изминатава година од животот добив жолт картон, а не бев подготвена за тоа. Но, истовремено сум многу благодарна што наместо жолт не добив црвен картон и добив шанса да се борам, да се променам, да победам! Животот ме ‘обучи’ и ме подготви да се справам и да се борам и во најневозможни ситуации. Ни во сон не можев да претпоставам дека некогаш ќе ми биде дијагностицирана сериозна дијагноза, мене, која цел живот се трудам да живеам и да се хранам здраво. Во изминативе 10 месеци сфатив дека поважно од тоа што јадеш било што те јаде! Па, така, со силна верба во Бога и се разбира со верба во медицината имам привилегија да живеам нов живот, во кој на првото место сум јас, па сѐ друго“, рече таа во екслузивното интервју за „Слободен печат“ минатата година.

Разговор со Сузана Турунџиева: Ја победив лошата дијагноза и сега живеам нов живот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот