Нов шок за британската полиција: Трет полицаец обвинет за силување

Британска полиција/ Фото EPA-EFE/VICKIE FLORES

Уште еден лондонски полицаец е обвинет за силување кое се случило во неделата вечерта, објави полицијата Метрополитен. За време на случајот, Адам Заман (28), полицискиот службеник кој е обвинет за делото, не бил на должност, а тој бил уапсен следниот ден, пренесува Гардијан.  

На службеникот му е одреден притвор, а во среда треба да се појави пред судот во Вестминстер, а моментално е суспендиран од должноста. Во соопштението на полицијата се вели дека е известена Дирекцијата за професионални стандарди „Мета“ и дека случајот е проследен до Независната полициска канцеларија.  

Полицискиот командант Пол Треверс рече: „Признавам дека јавноста ќе биде загрижена кога ќе слушне дека полицаец е обвинет за толку тежок прекршок. Апсолутно ја споделуваме таа загриженост“.  

„Постапивме брзо, во тек е темелна истрага од страна на детективите. Подносителот на жалбата е поддржан. Офицерот Заман сега е обвинет и важно е кривичната постапка да оди по својот тек. Ништо што би можело да го загрози интегритетот на процесот не треба да се каже или пријави“, рече Треверс.  

Заман е по потекло од Ромфорд во источен Лондон, а работи во полициската единица задолжена за тој дел од градот.  

Наводите доаѓаат неколку недели откако лондонскиот полицаец Вејн Казенс беше осуден на доживотен затвор за киднапирање, силување и убиство на Сара Еверард во март, во случај што ја шокираше Британија и предизвика протести на национално ниво против насилството врз жените. 

Британската полиција потоа објави дека е „згрозена, лута и шокирана“ од злосторствата извршени од Кузенс, а нејзината водач Кресида Дик му се извини на семејството на Еверард. Случајот поттикна повици за големи реформи во однос на проверката на полицајците и начинот на справување со злосторствата врз жените.

Полицаец обвинет за убиството на Сара Еверард

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот