Нов роман: „Боксерот од Ново маало“ од Владимир Плавевски

Главни точки во романот „Боксерот од Ново маало“ на авторот Владимир Плавевски се животот и духот на Ново маало во старото Скопје и уникатната приказна за вистинскиот лик со измислено име, Ангел Тотевски или Шуре Катиљ, кој од уличен тепач станува успешен боксер во клубот „Вардар“ и маалска легенда. Наратор во романот е младиот Владо, кој е познат по тоа што сака да чита и во маалото го викаат „Читачот“. Во овој лик е пресликан Плавевски во неговото детство и приказната ја раскажува тој низ многубројните дружби со Шуре Катиљ.

Авторот е познат како хроничар на старото Скопје и голем дел од неговите книги гравитираат околу секојдневието во маалото каде што го минал детството, а таков е и случајот со „Боксерот од Ново маало“. Делото е издание на „Арс либрис“, дел од „Арс ламина публикации“.

Владимир Плавевски (1948, Скопје) е автор на повеќе драмски текстови, сценарија за телевизиски серии, ТВ-филмови и радиодрами. Само во издавачката куќа „Арс ламина“ има објавено четири дела: „Динга стоп: скопски приказни од Ново маало“, „Вампирџија“, „Туѓо тело“ и „Боксерот од Ново маало“. Во 2013 година ја доби наградата Роман на годината на „Утрински весник“ за романот „Јадица“. Од 2000 година е член на Друштвото на писателите на Македонија.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 62, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 26-27 декември 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот