Нов расплет во истрагата: Пронајдено телото на исчезнатиот Брајан, дечкото на убиената Габи

Габи Петито и Брајан Лаундри/ Фото Youtube screenshot

Човекови остатоци пронајдени во национален парк во Флорида му припаѓаат на Брајан Лаундри, вереникот на убиената американска блогерка Габи Петито, пишува Њујорк Тајмс.

Посмртните остатоци биле идентификувани со помош на забните податоци на Лаундри, потврди ФБИ.

Да потсетиме, човечки остатоци беа пронајдени во резервацијата Карлтон во американската држава Флорид. Претходно беше соопштено дека на таа локација се пронајдени неговите лични работи – ранец и тетратка.

Габи Петито и Брајан Лаундри/ Фото Инстаграм

Останките се таму веќе некое време

Лаундри не беше обвинет за смртта на неговата свршеница, иако тој беше обвинет дека наводно користел две банкарски сметки кои не му припаѓале во деновите по нејзиното убиство.

Извор близок до истрагата за Си -Ен -Ен изјави дека се чини дека сомнителни човечки остатоци биле таму веќе некое време.

Родителите на Брајан Лаундри биле на местото на настанот кога биле пронајдени посмртните останки

Бертолино рече дека родителите на Лаундри и помогнале на полицијата да најде некои предмети.

Според адвокатот, родителите на Лаундри во вторникот вечерта го известиле ФБИ и локалната полиција дека сакаат да го посетат паркот за да го бараат својот син.

Таму биле пречекани од органите на полицијата, а биле внимателно следени додека влегувале во паркот и пребарувале, рече Бертолино.

Кога биле пронајдени посмртните остатоци, полицијата ги замолила да го напуштат паркот.

Запрашан зошто неговите родители одлучиле да одат токму во тој парк, Бертолино изјави дека тоа е првиот ден откако тој парк бил повторно отворен за јавноста.

Се уште не е познат виновникот за убиството на Габи Петито

Да потсетиме, Габи тргна на патување од нејзиниот роден град на Лонг Ајленд до Њујорк кон крајот на јуни со нејзиниот вереник Брајан. Своето патување тие го снимиле со објавување на социјалните мрежи.

Патувањето прво требаше да трае четири месеци, но Брајан се врати сам дома на Флорида претходно овој месец. Семејството Петито го пријавило исчезнувањето на Габи десет дена подоцна.

Сè уште не е јасно што се случило кога Габи, а подоцна и Брајан исчезнале.

Што се однесува до Брајан, семејството го пријавило неговото исчезнување во текот на викендот во средината на септември, велејќи дека тој отишол на планинарење на 14 септември и дека никогаш не се вратил. Пред да исчезне, тој не дал никакви информации во полиција. Кога се вратил без свршеница, не контактирал ниту со нејзиното семејство ниту со полицијата. Брајан и Габи живееле заедно во куќа во Норт Порт, Флорида.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gabby Petito (@gabby.petito)

Пронајдени остатоци од телото на младата Американка во национален парк

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот