Пронајдени остатоци од телото на младата Американка во национален парк

Исчезнатата Габи Петито (22) од САД, чии остатоци од телото ги пронајде полицијата во Националниот Парк Вајоминг/ Фото Instagram gabby.petito

Остатоците од телото што полицијата ги пронајде во националниот парк во Вајоминг одговараат на исчезнатата 22-годишна Габи Петито, но официјалната идентификација се уште не е направена, објави портпаролот на ФБИ, Чарлс Џонс, пренесува Еј-Би-Си њуз.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gabby (@gabspetito)

Тој додаде дека се чека потврда и дека нејзиното семејство е известено.

Причината за смртта е непозната.

Петито не е видена откако нејзиното момче Брајан Лендри се врати дома на 1-ви септември од неколкумесечното патување без неа.

Петито и Лендри го напуштија Њујорк во јуни, се упатија кон запад со бело комбе и планираа да ги посетат националните паркови и да го документираат патувањето на социјалните медиуми.
Петито ја објави својата последна фотографија на 25 -ти август. Нејзиното семејство верува дека таа се упатила кон националниот парк Гранд Тетон во Вајоминг.

Каде отиде нејзиното момче?

Лендри, кој живеел со Петит во близина на Северното пристаниште, одби да разговара со истражителите.

Неговото семејство во петокот изјавило во полиција дека не го виделе Брајан со денови. Полицијата од Флорида и агенти на ФБИ го поминаа викендот трагајќи по повеќе докази во блиската пошумена област.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот