Фото: Принтскрин/Инстаграм

Нов проблем за ФИФА: Сомалиски судија уште не добил виза за влез во САД

ФИФА се соочува со нов проблем пред почетокот на Светското фудбалско првенство. Настапот на Сомалискиот фудбалски судија Омар Абдулкадир Артан на Мундијалот е доведен во прашање поради проблеми со добивањето виза за влез во САД.

Артан се соочува со административни пречки при добивањето на потребната виза, поради што не може да учествува во подготвителните активности на судиите што веќе започнаа во Северна Америка.

Сомалискиот судија важи за еден од најценетите судии на африканскиот континент и неговото евентуално отсуство би бил сериозен удар не само за него, туку и за африканското судење.

Од Пеле до Меси: 26 рекорди и интересни факти од Мундијалите

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот