Носењето очила ја намалува можноста да се заразите од коронавирусот

Unsplash
Фото: Unsplash

Луѓето кои носат очила имаат три пати помала веројатност да се заразат со коронавирусот, бидејќи многу помалку ги допираат очите, покажува студија направена во Индија.

Истражувачи од Индија спроведоа студија заснована врз 304 испитаници на возраст од 10 до 80 години кои веќе го прележале коронавирусот.

Околу 19 проценти од нив носеле очила поголем дел од денот, а остатокот не, што укажува на тоа дека луѓето кои носат очила осум часа на ден имаат помали шанси да се заразат со коронавирусот, пренесува Times of India.

Луѓето имаат тенденција да го допираат лицето до 23 пати во еден час, а очите три пати во 60 минути. Луѓето кои носат очила подолго време не ги допираат нивните очи, се вели во студијата.

Слична студија беше направена во Кина минатата година, каде беше утврдено дека веројатноста од зараза со ковид – 19 кај луѓе кои носат очила е пет пати помала отколку кај оние кои не носат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот