Номинации за Оскари 2026: „Грешници“ постави нов рекорд, а новиот филм на Дикаприо му е конкуренција
Денеска беа објавени номинaциите за 98. доделување на Оскарите, а номинираните во 24 различни категории ги претставија глумците Даниел Брукс и Луис Пулман.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
На овогодишните номинации за првпат има сосема нова категорија, најдобар кастинг.
„Грешници“ на Рајан Куглер собра 16 номинации, повеќе од кој било филм во историјата, надминувајќи го претходниот рекорд од 14 номинации што го делеа „Сè за Ева“, „Титаник“ и „Ла Ла Ленд“.
Претпоставениот фаворит „Една битка по друга“ е веднаш зад него со двоцифрен број номинации.
Еве ги номинираните.
Најдобар филм
- „Бугонија“
- „Ф1“
- „Франкенштајн“
- „Хамнет“
- „Марти Суприм“
- „Една битка по друга“
- „Тајниот агент“
- „Сентиментална вредност“
- „Грешници“
- „Соништа за возови“
Најдобар актер
- Тимоти Шаламе – „Марти Суприм“
- Леонардо Дикаприо – „Една битка по друга“
- Итан Хок – „Сина месечина“
- Мајкл Б. Џордан – „Грешници“
- Вагнер Моура – „Тајниот агент“
Најдобра актерка
- Џеси Бакли – „Хамнет“
- Роуз Бирн – „Да имав нозе, ќе те шутнев“
- Кејт Хадсон – „Испеана песна во сино“
- Ренате Реинсве – „Сентиментална вредност“
- Ема Стоун – „Бугoнија“
Најдобар актер во споредна улога
- Бенисио дел Торо – „Една битка по друга“
- Џејкоб Елорди – „Франкенштајн“
- Делрој Линдо – „Грешници“
- Шон Пен – „Една битка по друга“
- Стелан Скарсгард – „Сентиментална вредност“
Најдобра актерка во споредна улога
- Ел Фенинг – „Сентиментална вредност“
- Инга Ибсдотер Лилеос – „Сентиментална вредност“
- Ејми Мадиган – „Оружја“
- Вунми Мосаку – „Грешници“
- Тејана Тејлор – „Една битка по друга“
Најдобра режија
- Клои Жао – „Хамнет“
- Џош Сафди – „Марти Суприм“
- Пол Томас Андерсон – „Една битка по друга“
- Јоаким Трир – „Сентиментална вредност“
- Рајан Куглер – „Грешници“
Најдобро оригинално сценарио
- „Сина месечина“
- „Беше само несреќа“
- „Марти Суприм“
- „Сентиментална вредност“
- „Грешници“
Најдобро адаптирано сценарио
- „Бугoнија“
- „Франкенштајн“
- „Хамнет“
- „Една битка по друга“
- „Соништа за возови“
Најдобар анимиран долгометражен филм
- „Арко“
- „Елио“
- „Кеј-поп ловци на демони“
- „Малата Амели или ликот на дождот“
- „Зоотопија 2“
Најдобар меѓународен долгометражен филм
- „Тајниот агент“ (Бразил)
- „Беше само несреќа“ (Франција)
- „Сентиментална вредност“ (Норвешка)
- „Сират“ (Шпанија)
- „Гласот на Хинд Раџаб“ (Тунис)
Најдобра кинематографија
- „Франкенштајн“
- „Марти Суприм“
- „Една битка по друга“
- „Грешници“
- „Соништа за возови“
Најдобра оригинална музика
- „Бугoнија“
- „Франкенштајн“
- „Хамнет“
- „Една битка по друга“
- „Грешници“
Најдобра оригинална песна
- „Dear Me“ – „Дајен Ворен: Неуморна“
- „Golden“ – „Кеј-поп ловци на демони“
- „I Lied To You“ – „Грешници“
- „Sweet Dreams of Joy“ – „Вива Верди!“
- „Train Dreams“ – „Соништа за возови“
Најдобра шминка и фризура
- „Франкенштајн“
- „Кокухо“
- „Грешници“
- „Машината што удира“
- „Грдата полусестра“
Најдобар документарен долгометражен филм
- „Решението Алабама“
- „Дојди да ме видиш во добрата светлина“
- „Пробивајќи низ карпи“
- „Г-дин Никој против Путин“
- „Совршениот сосед“
Останатите номинации може да ги погледнете тука.
Конан О’Брајан ќе се врати како водител на Оскарите, кои ќе се пренесуваат во живо на 15 март.


