Ноќни кашлици кај децата: Решението се крие во едно суптропско овошје достапно на нашите пазари

Unsplash
Unsplash

Kивито е плод кој често се избегнува, и се заменува со други овошки. Некои го избегнуваат поради киселиот вкус и непријатната конзистенција на плодот. Но, кога е добро созреано, кивито има прекрасен вкус и е пријатно за јадење.

Покрај тоа содржи уникатна комбинација од важни состојки што го прави многу корисно. Поради високиот процент на антиоксиданси и витамин Ц, помага во борбата со стареењето. Во комбинација овие состојки го неутрализираат дејството на слободните радикали, кои предизвикуваат некои заболувања и се виновни за стареење на организмот.

Ако редовно консумирате киви кожата ќе ви биде мазна и сјајна, бидејќи ја стимулира синтезата на колаген. Исто така кивито е добра профилакса за заболувања на кардио-васкуларниот систем. Содржи калиум, витамин К, па помага во прочистување на крвните садови и намалување на холестеролот.

Лутеинот и зеаксантинот кои ги содржи кивито се одговорни за доброто здравје на очите. Луѓето со астма и хронични проблеми со дигестивниот систем треба почесто да конзумираат киви, бидејќи тоа има многу поволно влијание при воспаленија на белите дробови, кашлици и грипови. Особено е добро при ноќна кашлица кај децата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот