Ноер се враќа на голот на Германија за Светското првенство?
Германија би можела да добие неочекувано засилување за Светското првенство во фудбал. Легендарниот голман Мануел Ноер е на чекор до сензационално враќање во националниот тим.
Препорачано
Чуварот на мрежата на Баерн Минхен, наводно, се нашол на поширокиот список од 55 фудбалери што селекторот Јулијан Нагелсман морал да го достави до ФИФА до минатиот понеделник.
Според информациите на „Скај Спорт“, Нагелсман и Ноер веќе разговарале за можноста 40-годишната легенда повторно да застане на голот на репрезентацијата, а останува да се види дали неговото име ќе се најде и на конечниот список патници за Мундијалот, кој ќе биде објавен следниот четврток.
Ноер за Германија одигра 124 натпревари и беше еден од хероите во освојувањето на светската титула во 2014 година, а од репрезентацијата се повлече во 2024 година.
Сепак, искусниот голман во последниот период брани во одлична форма за Баерн, па неговото можно враќање сигурно би претставувало големо засилување за Германците.
Нагелсман во моментов смета на Оливер Бауман од Хофенхајм, Александер Нибел од Штутгарт и Фин Дамен од Аугсбург.
Германија на Светското првенство ќе игра во група со Еквадор, Брегот на Слоновата Коска и Курасао.
Флорентино Перез: Нема да поднесам оставка, создадена е апсурдна ситуација против Реал Мадрид


