„Ниту една повеќе“ – повик за протестна блокада на крстосницата кај Собранието
На социјалните мрежи е објавен повик до граѓаните кои се револтирани од долготрајното полициско непостапување во случаите на насилство врз жени, поради кое во земјава се случија серија убиства окарактеризирани како фемициди.
Препорачано
„Револтирани од игнорирањето на пријавите за физичко и психолошко насилство и закани, игнорантскиот однос на институциите, фактот што МВР наместо пријави прима „поплаки“ кои потоа не ги процесуира до ОЈО револтираните граѓанки и граѓани овој четврток во 18 часот ќе ја блокираат раскрсницата кај паркот „Жена-борец“, пишува во објавата.
„Време е за организирање и здружено делување. По минатонеделниот протест „Ниту една повеќе“, повикуваме на блокада, овој четврток во 18:00 часот на раскрсницата кај паркот „Жена-борец“ преку размена во јавен простор да го канализираме нашиот колективен гнев и заедно да ги дефинираме нашите барање кон институциите кои ги загрозуваат нашите животи. Дојдете на улица и придружете се во заедничката борба против насилството врз жените и културста на насилство“, се додава во објавата на социјалните мрежи.


