И нискиот притисок може да биде опасен: Внимавајте, предизвикува сериозни последици

Profimedia
Фото: Профимедиа

Иако обично се предупредува колку е опасен високиот крвен притисок и се верува дека е подобро кога е низок отколку висок, нискиот крвен притисок не е наивна состојба и важно е да се контролира.

Вредноста на крвниот притисок што е помала од очекуваната за поединецот под одредени услови се нарекува хипотензија, т.е. низок крвен притисок. Сепак, оптималната висина е релативна: зависи од возраста, полот и општата здравствена состојба.

На пример, од жените се очекува да имаат малку понизок крвен притисок од мажите, а тинејџерките на возраст меѓу 15 и 18 години нормално имаат 117/77 mmHg, односно тинејџерите 120/85 mmHg, додека по шеесеттата година, жените имаат очекуван притисок од околу 134/84 mmHg, а мажите 135/88 mmHg.

Кога во амбулантите постојано се мери притисок помал од 100/60 mmHg и е придружен со соодветни симптоми, во отсуство на други болести, оваа состојба се дефинира како хипотензија.

Нискиот крвен притисок може да биде резултат на неколку здравствени состојби, од „наивни“ до сериозни:

1. Дехидратација, што доведува до низок притисок, бидејќи поради намалено количество на течности се намалува и волуменот на циркулирачката крв.

2. Бременост, бидејќи васкуларниот систем кај жените се шири, крвниот притисок има тенденција да се намалува.

3. Хормонално нарушување, кога тироидната жлезда лачи повеќе или помалку хормони.

4. Срцеви проблеми како што се бавен пулс, срцев удар или срцева слабост што исто така може да доведе до низок крвен притисок.

Некои од водечките симптоми се:

– (необјаснето) чувство на замор

– зашеметеност и вртоглавица

– гадење

– губење на свеста

– заматен или затемнет вид

Овие симптоми варираат од благи до умерени до многу тешки – додека некои луѓе ги сметаат за непријатни, на други им го оневозможуваат функционирањето. Во екстремни случаи, еден од симптомите е студена, бледа и мрсна кожа, придружена со слаб или забрзан пулс и забрзано плитко дишење, со несвесност за околината или збунетост.

Причините за низок крвен притисок не се секогаш целосно јасни, а најчесто се поврзани со бременост, хормонален дисбаланс, употреба на одредени лекови, дури и предозирање со антихипертензивни лекови, заболувања на црниот дроб или срцето, проширување на крвните садови, висока температура

Иако вообичаено се верува дека нискиот крвен притисок е подобар од високиот крвен притисок, ниту една крајност не е добра, а хипертензијата може да биде опасна по здравјето. Најголема опасност е за мозокот, бидејќи постои ризик од хроничен недостиг на кислород.

Нискиот крвен притисок можете да го третирате со терапија што ви ја препишал лекарот, а можете да си помогнете и со промени секојдневниот начин на живот – диета која брзо и лесно го крева и подобрува крвниот притисок, зголемено консумирање на вода, физичка активност, итн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот