Али Ахмети, лидер на ДУИ Фото: Ахмети, Фејсбук

Ништо од оставката на Ахмети, рано му е за политичка пензија

Дезинформација е дека претседателот Ахмети по локалните избори ќе се повлече од политичката сцена, ни изјави потпретседателот на ДУИ Арбр Адеми

Не е точно дека претседателот Али Ахмети ќе се повлече од ДУИ и од политиката, вели за „Слободен печат“ потпретседателот на ДУИ Арбр Адеми.

Со ова Адеми ја демантира информацијата на порталот на албански јазик „Фол.мк“ дека по локалните избори Ахмети ќе се повлече од политиката.

-Денеска ќе одржиме Централно претседателство на кое ќе ги анализираме резултатите од првиот круг на локалните избори и ќе се разговара за мобилизација на гласачите за вториот изборен круг на 2 ноември. Ахмети ќе се обрати на јавноста по состанокот на Централното претседателство. Дезинформација е дека претседателот Ахмети по локалните избори ќе се повлече од политичката сцена – ни изјави Адеми.

Порталот „Фол.мк“ синоќа објави дека Ахмети, сериозно размислува и е блиску до одлука да се повлече од политиката.

„Извори во ДУИ укажуваат дека тој веќе им ја соопштил оваа одлука на некои од неговите најблиски соработници, додека се консултирал и со партнери од Албанија и Косово.Се очекува оваа одлука да биде објавена по вториот круг од изборите, за да не им се наштети на кандидатите на ДУИ кои се кандидираат во вториот круг. Ахмети не даде никакви јавни изјави, ниту во медиумите ниту на социјалните мрежи, по изборите на 19 октомври, на кои ДУИ победи само во Липково и Пласница“, напиша медиумот.

Али Ахмети се повлекува од политиката?!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот