Николовски: Сé уште има остатоци од „груевизмот“, оправдано е што граѓаните не се задоволни
Никој нема да не спречи во борбата за силна реформа и прочистување на судството, порача генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски во вечерашното гостување на „Топ тема”.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Судството, оцени Николовски, еден од последните бастиони на „груевизмот” чии остатоци сé уште се чувствуваат.
– Сé уште има остатоци од „груевизмот” и од „сваровски” судството. Оправдано е што граѓаните не се задоволни. Не сум ни јас. И не треба да напредуваме само во економијата или да спроведуваме реформи во енергетиката, социјалата, земјоделство. Мора да го реформираме и прочистиме судството – истакна генералниот секретар на владејачката партија.
Тој најави нов, модерен, европски концепт на СДСМ, потенцирајќи дека, според сите анкети, граѓаните ги поддржуваат политиките кои водат напред, а не оние што враќаат назад.
– Граѓаните се убедени дека опозицијата нема нова понуда. ВМРО-ДПМНЕ ја блокира државата и сака да ја врати назад. Не може да живееме во времето на режимот – рече Николовски.
Потсети и дека оваа Влада донесе слобода и демократија заедно со граѓаните.
– За две години е направено многу повеќе од претходните 11 години. Имаме независни институции, дозволивме слободно да се критикува и да се делува. Веќе сме пред формално заокружување на членството во НАТО и пред отворање на преговорите со ЕУ. Денес не се градат споменици и скулптури, туку 850 километри патишта – подвлече Николовски.


