Александар Николоски / Фото: Влада на РСМ

Николовски: Работите на автопатиштата од Коридорите се одвиваат според планот

Исклучок е трасата Требеништа–Ќафасан, каде работите се стопирани поради забелешки од УНЕСКО, иако Охридскиот регион не е во опасност- вели министерот за транспорт

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски вели дека изградбата на новите автопатишта од страна на конзорциумот „Бехтел и Енка“ се одвива според планираната динамика, со исклучок на трасата Требеништа–Ќафасан, каде работите се стопирани поради забелешки од УНЕСКО.
Николоски нагласи дека и покрај двегодишно одложување оваа Влада успеала да започне со реална изградба на делниците Тетово–Гостивар, Гостивар–Букојчани и Прилеп–Битола.

-Динамиката е согласно планираното, со едно одлагање од две години, од причина што тие две години од претходната Влада не беше изградено ништо. Ние кога дојдовме скоро и да немаше експропријација направено. Првото воведување во работа и на Тетово-Гостивар и на Гостивар-Букојчани и на Прилеп-Битола, беше во мандат на оваа Влада, но сега е динамиката добра и оди добро – истакна Николоски, објави ТВ Алфа.

Во однос на автопатот Требеништа–Ќафасан, вицепремиерот Николоски посочи дека неговата изградба е дел од извештајот на УНЕСКО за Охридскиот регион, иако самиот регион не е ставен под закана.

-Останува прашањето со Требеништа-Ќафасан, имајќи во предвид дека изградбата на овој автопат и официјално беше во извештајот на УНЕСКО за Охридскиот регион, иако Охридскиот регион што не е во опасност, ова остана дел од извештајот – дополни тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот