Николај Младенов си заминува од функцијата специјален пратеник на ОН за Блискиот Исток со највисок палестински орден
Палестинскиот претседател Махмуд Абас му додели највисок орден на палестинските власти – Големата Ѕвезда на Ерусалим на поранешниот специјален координатор на ОН за решавање на израелско-палестинскиот конфликт и поранешен министер за надворешни работи на Бугарија, Николај Младенов.
– Му благодарам на него и на сите со кои работевме последните години за оваа голема чест. Шест години имавме одлични моменти на соработка, имавме и сериозни разлики, но секогаш ги надминувавме пречките во име на мирот, напиша Младенов на Фејсбук.
Тој претходно беше награден и од Ерусалимскиот патријарх Теофилос III за соработката, поддршката и пријателството во текот на годините. Тој лично, како и Грчката православна црква, е меѓу столбовите на мирот и разбирањето на Светите места, секогаш отворени за дијалог, секогаш подготвени да помогнат на секој што има потреба, јави дописникот на МИА од Софија.
Неодамна, Николај Младенов поднесе оставка на функцијата специјален пратеник на ОН за Либија поради семејни причини.
Извор:МИА