Никола Роквиќ по третпат стана татко

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Пејачот Никола Роквиќ по третпат стана татко. Сопругата на Роквиќ, поранешната манекенка Бојана Баровиќ, се породи и на свет донесе ќерка на која и дадоа име Ангелина. Породувањето поминало во најдобар ред, а мајката и бебето се добри. Бојана и Никола се родители на синот Симеон и ќерката Леона кои добија нови улоги како постари брат и сестра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Rokvic (@nikolarokvic)

Пред неколку месеци парот организираше мала семејна прослава на која го открија и полот на бебето. На својот инстаграм – профил ја открија среќната веста дека очекуваат девојче споделувајќи мал дел од прославата со своите бројни следбеници

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Rokvic (@nikolarokvic)


За време на прославата Бојана ја совладаа емоциите, а солзите радосници и ги наполнија очите. Пријателите и членовите на семејствата кои беа дел од прославата уживаа заедно во среќните моменти. Понесени од радоста Бојана и Никола скокнаа во базенот со облека, а по нив и сите гости на прославата.

Двојна среќа: Сопругите на Никола Роквиќ и неговиот брат Марко се бремени во исто време

ВИДЕО | Никола Роквиќ и сопругата го открија полот на бебето: Од среќа скокнаа во базен со облека

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот