Никогаш не се откажа од љубовта: Поранешната сопруга на Хит Леџер после една деценија од смртта на саканиот роди бебе!

инстаграм

Актерката Мишел Вилијамс на светот го донесе своето второ дете, а прво со сопругот Томас Кејл. Мишел (39) ја откри бременоста во декември, а „US Weekly“ потврди дека актерката се породила.

Мишел во 2004 година беше во врска со трагично починатиот актер Хит Леџер, а во 2005 година тие ја добија ќерката Матилда во вонбрачна заеднца.

профимедиа

Нивната голема љубов траеше 3 години се до 2007 година, а само година дена подоцна Хит Леџер започна да користи лекови за смирување, што остави последици врз неговото здравје за да на крајот ја премине прекумерната доза.

Актерката потоа се посвети на својата ќерка и избегнуваше големи социјални случувања.

„Никогаш не се откажав од љубовта“, изјавила таа во една прилика. „Секогаш ѝ велев на Матилда дека нејзиниот татко ме сакаше пред било кој друг да мисли дека сум убава, талентирана или паметна“.

профимедиа

Иако обично не зборува многу за својот живот, актерката за „Vanity Fair“ потврдила дека успеала прв пат да пронајде љубов после 10 години од смртта на својот поранешен сопруг, и тоа со Фил Елверум, за кого набргу се венчала.

инстаграм

Меѓутоа, како што пренесува „The Hollywood Reporter“, Мишел и Фил Елверум се развеле после неполна година брак.

Брзо после тоа оваа актерка ја пронајде љубовта со Томас, а круна на нивната трета среќа е нивното бебе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот