Незири: Еден месец по трагедијата во Тетово, сѐ уште нема морална ни правна одговорност

Фото: EPA-EFE/STRINGER

Пратеникот Аднан Незири од редовите на Алијанса за Албанците во партиското седиште во Тетово одржа прес-конференција при што посочи дека иако поминал еден месец од трагедијата во модуларната болница во Тетово, каде што 14 тетовци беа изгорени живи, сè уште нема ниту морална, ниту правна одговорност. Според него попусто што било досега се зборувало за истраги и меѓународни експерти, кога сè уште нема епилог.

– Денес слободно можеме да констатираме дека политизираното судство и хибридниот режим на СДСМ и ДУИ, ги потврдија сите наши предупредувања. Оваа влада, покрај тоа што запали 14 животи и срцата на сите нас, ја исмеваше и болката на семејствата на жртвите. Наводните оставки, за кои исто така предупредивме, резултираа со, како што најавивме, голема измама и исмејување на членовите на семејството, истакна Незири.

Тој посочи дека не бара правда и одговорност од тие што веќе докажале дека се неодговорни.

– Денес, ве предупредуваме дека правдата ќе дојде, ќе ве удри сите што со криминал и корупција крадевте од здравјето на граѓаните, од безбедноста на основните институции и од сè друго поврзано со безбедноста на граѓаните. Докажавте дека сте опасни за животот на сите во оваа земја, затоа ги повикуваме граѓаните заеднички да ја отстраниме оваа опасност по животот на сите нас и потоа да ги изведеме пред лицето на правдата сите оние што ни го затемнуваат животот овие две децении, изјави Аднан Незири.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот