Невреме во САД: Бурата „Ета“ удри на Флорида со ветришта од 100 км./ч.

Фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Градовите во јужна Флорида се погодени од тропската бура „Ета“, а една од најпогодените урбани области е Форт Лодердејл. Многу домови се поплавени, а водата не се повлекува со часови.

Како што пренесуваат американските медиуми, тропската бура „Ета“ вчера стигна до јужните острови на Флорида, откако помина низ Централна Америка и Мексико, оставајќи зад себе десетици жртви и над 100 исчезнати лица.

Властите на Флорида ги затворија плажите, местата за тестирање за ковид-19, го запреа сообраќајот и ги повикаа луѓето да не излегуваат на улиците.

„Ета“ имаше максимална брзина на ветерот од 100 километри на час. Се движеше запад-северозапад со брзина од 22 километри на час

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот