Невработеноста во европската земја се искачи на 6,2 проценти

Стапката на невработеност во Германија во декември е 6,2 проценти, а бројот на невработени е зголемен за 3.000 во споредба со октомври и изнесува 2.908 милиони, според објавените податоци на Федералната агенција за труд (BA).

На годишно ниво, бројот на невработени во Германија се зголеми за 101.000 во споредба со декември 2024 година, а стапката на невработеност е поголема за 0,2 во споредба со декември 2024 година. На прес-конференцијата одржана во Нирнберг, директорката на BA, Андреа Налес, изјави дека на пазарот на трудот во Германија му недостасува економски моментум и дека очекува трендот на слаби резултати да продолжи, според извештајот на Германската федерална агенција за труд.

Нивните податоци наведуваат дека во декември во Германија имало 619.000 отворени работни места, што е за 35.000 помалку отколку во истиот месец во 2024 година. Во извештајот за декември, исто така, беше истакнато дека 1.033.000 луѓе во Германија примаат надоместоци за невработеност, што значи дека има 102.000 повеќе отколку претходната година. Како и во претходниот месец, приближно седум проценти од населението на работоспособна возраст во Германија сè уште зависи од социјална помош, се наведува во извештајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот