НЕВЕРОЈАТНО: Три сестри се породиле во ист ден!

Фото: Твитер

Веста за раѓањето на принова во секое семејство е добредојдена, а Мара Мугош ја имала таа ретка среќа да добие четири внучиња од три ќерки во ист ден.

Имено, три сестри се породиле утрово во Цетиње, Црна Гора, па така Стефан, Дарија, Урош и Ања дошле на свет во рок од само два часа.

Во родилиштето во Цетиње се породиле сестрите Оливера Мугош Миџор, Јасна Ракочевиќ и Јелена Вукчевиќ во исти ден.

Сезоната на раѓање ја „отворила“ Оливера, таа во девет часот наутро го родила Стефан, по неа се породила Јасна, која ги донела на свет близнаците Урош и Ања, а во 11 часот се породила Јелена со малата Дарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот