Неверојатно: Најстариот син на Аца Лукас е негова копија, а богами и знае да пее! (ВИДЕО)

Instagram

За разлика од неговите колеги, српскиот пејач Аца Лукас ретко ги експонира своите деца во јавноста, дури повеќето мислат дека пејачот ја има само малечката Викторија со поранешната сопруга Соња Вуксановиќ.

Меѓутоа, ретко кој знае дека покрај Викторија, пејачот има уште три деца и тоа два синови и една ќерка. Андреј, Лазар и Милјана се деца кои Лукас ги има добиено пред бракот со Соња.

Лазар не сака да се експонира во медиумите, а многумина кои го познаваат тврдат дека тој е копија на татко му.

Фото: Инстаграм

Лазар не сака да живее од парите на татко му, туку работи како менаџер и возач на пејачи во „Гранд“. Тој на Инстаграм е доста популарен и девојките секојдневно му пишуваат комплименти под фотографиите.

На социјалните мрежи кружи снимка како Лазар пее на микрофон во една кафеана, а публиката феноменално реагира на неговиот глас.

Останува да видиме дали тој ќе тргне по чекорите на својот популарен татко…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот