Несовесни граѓани уништиле три ормани за струја кои биле поставени зад ТЦ „Бисер“
Несовесни граѓани искршиле и целосно уништиле три ормани за струја кои биле поставени во урбаниот парк зад ТЦ „Бисер“.
Препорачано
– Општина Аеродром упатува остра реакција по вандалскиот чин кој се случил во урбаниот парк зад ТЦ „Бисер“, при што беа искршени и целосно уништени орманите за струја. Непознати сторители целосно откорнале три ормани за струја, а нанеле штета и на други елементи поврзани со електрична енергија – информираат од Општина Аеродром.
Оттаму најавуваат и дека, случајот ќе биде пријавен и како што велат, очекуваат сторителите да бидат пронајдени и соодветно казнети.
– Ваквите девијантни појави не само што нанесуваат големи материјални штети кои ги плаќаме сите ние, туку претставуваат и голема опасност по животите, како на сторителите, така и на жителите на нашата Општина. Уште еднаш апелираме сите заедно да ги чуваме и да се грижиме за јавните добра, затоа што само на тој начин ќе имаме здрава, чиста и безбедна животна средина – апелираат од оваа локална самоуправа.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
12мин
-
19мин
-
29мин
-
33мин
-
34мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


