Неранимајковци ограбиле автобус што носел деца на екскурзија во Битола, украле телефони и паричници
Крадци скршиле врата од автобус и украле телефони и паричници на деца од трето одделение, ученици од Крива Паланка кои биле на екскурзија во Битола, објави туристичката агенција со која патувале учениците.
Препорачано
Кражбата се случила на паркинг, а полицијата за кусо време ги фатила дрските крадци.
„Денеска, 31.10.2025 на паркингот во Битола кај Ракометната се случи тешка кражба на нашиот автобус, кој беше уредно паркиран. Украдени беа повеќе мобилни телефони, пари, новчаници и уште неколку лични предмети на деца кои во моментот беа на својата училишна екскурзија во Битола од ООУ „Илинден“ – Крива Паланка (3-то одделение). По пријава на настанот, полиција дојде експресно брзо како и инспекторите кои по кратка, но детална проверка и на околината и на видеонадзорот, за 40 минути ги лоцира крадците. Украдените предмети се вратени во целост назад на дечињата и наставниците“, објави агенцијата на својата страница на Фејсбук
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4мин
-
12мин
-
59мин
-
1час
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


