НЕПОГРЕШЛИВИ ТРИКОВИ: Како да го „погодите“ парфемот за подарок?

парфем

Добриот парфем е секогаш одличен избор за подарок, но треба да знаете и да го „погодите“.

Оваа задача нема да биде тешка доколку добро ја познавате личноста, но ако сепак не ви е толку блиска, подобро е да не ризикувате и да одите со побезбедна варијанта, односно да изберете нешто друго.

Пред да отидете во парфимерија поставете ги овие прашања:

Што таа личност сака?
Дали досега мирисала цветно, зачински или ориентално?
Дали сака трајни парфеми или лесни тоалетни води?

Исто така имајте ја предвид и возраста на личноста. Според произведувачите на парфеми, генерално, жените под 25 години сакаат цветни и овошни ноти. Оние меѓу 25 и 45 повеќе сакаат мошус и гурмански мириси, додека над 45 години нема да згрешите со цветно-ориентални мириси. Сепак, ова е само за ориентација, а вие изберете според личноста.

Имајте го предвид и стилот на личноста за која купувате парфем. Ако можете, распрашајте ја кои парфеми ги користела досега и какви мирисни ноти ѝ се допаѓаат.

Ако сте доволно блиски, најдобро е да ја кажете вашата намера, за да можете заедно да го изберете подарокот. На тој начин сигурно нема да згрешите.

Најточен избор можете да направите ако при помирисувањето, мирисот ве потсети токму на таа личност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот