Фуксе Берлин/Füchse Berlin

Необична ситуација во Германија: Мислеле дека шампионскиот трофеј им е украден, па го нашле во подрум

Германскиот ракометен клуб Фуксе Берлин се најде во една необична ситуација откако првично мислеле дека шампионскиот пехар од Бундеслигата им е украден, но на крајот за нивна среќа тоа не се случило.

Трофејот кој го освоија минатото лето исчезна по инцидентот во ноември кога крадци упаднаа во објектот и одзедоа пари и вредни предмети. И покрај тоа што во јануари беа приведени осомничени лица поврзани со повеќе криминални дејствија, пехарот се сметаше за загубен без трага.

Но, неочекуван пресврт донесе неодамнешниот претрес, при кој трофејот бил откриен скриен во подрумските простории на самиот клуб. Според првичните претпоставки, сторителите планирале подоцна да се вратат по него, но биле спречени, најверојатно поради зголемениот притисок од јавноста и медиумското внимание.

Генералниот менаџер Боб Ханинг не го криеше задоволството, истакнувајќи дека во клубот владее големо олеснување што симболот на нивниот историски успех е повторно таму каде што припаѓа.

Со враќањето на пехарот, Фуксе Берлин повторно го комплетира своето највредно спортско наследство, кое ќе продолжи да биде горд дел од клупската историја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот