Необична, но монументална склуптура поставена во Гостивар (ФОТО)

Скулптура со латинични букви од името на Гостивар е поставена во овој град, на самиот влез од Градскиот парк, непосредно до судската зграда. Поставени се седум букви и едно срце изработени од бетон.

Новото и модерно обележје на градот според димензиите е монументално, бидејќи секоја букава е висока два метра. Поставувањето е на иницијатива на Здружението за уметност и култура „Силиндарт”, а автор е Бурхан Ахмети, уметник од Гостивар.

– Гостивар, за жал, нема многу објекти од културното наследство, а и тие што ги има се слабо видливи или се во лоша состојба. Па заради тоа и посетителите не можат да ги фотографираат и стават во нивните фото албуми. Во ова време секој сака да понесе дел од некое место. Младите, пак, сакаат нешто атрактивно и современо и сметав дека токму со овој објект ќе им дадеме една можност повеќе за да се фотографираат и да понесат спомен од Гостивар, вели Ахмети.

Формата ќе биде трајна, но изгледот на скулптурата ќе се менува, зависно од приликите. Според Ахмети, на буквите ќе се испишуваат уметнички пораки при одбележување на некој празник во кој ќе бидат вклучени децата.

Наскоро објектот ќе биде осветлен што ќе го прави поатрактивен, особено во ноќните часови.

Склуптурата со името на Гостивар е реализрана со помош на Општина Гостивар и компаниите Им Бетон и Цели Транс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот