„Ненад (Брус) vs Марко Зад Аголот“ – музичка битка пред КСП „Центар-Јадро“

Пред просториите на КСП „Центар-Јадро“, ќе се одржи музичка битка помеѓу рап продуцентите Ненад (Брус) и Марко Зад Аголот. Битката ќе се одржи во петок (29.07) со почеток во 20.30 часот.

Инспирирани од американскиот концепт Verzuz, нашите продуценти ќе ги судрат своите каталози на продуцирани песни во минимум 10 рунди. Во секоја рунда продуцентите ќе пуштат по една песна. Ваквиот тип на настан нема оценувачки карактер, туку повеќе е еден вид на пријателски натпревар, славење на хип-хоп културата и уживање во талентот и креативноста на учесниците.

За публиката која сака да го следи настанот онлајн тој ќе се емитува во живо на Фејсбук-профилот на КСП „Центар-Јадро“.

Марко Зад Аголот како продуцент е активен од 2001 година, период во кој има работено музика за СВП (Бранко и Марко во разни постави), „Исток Запад“, „Зад Аголот“ (Римиски Масив, Длабока Трага, Контра Напад, Паки), СТР 2, Страјк, ЛД Пистолеро, Бвана (Србија) и многу други. Прави рап мрсен и хромски!

Ненад Стефаноски ја започнува својата музичка кариера на рана возраст кон крајот на 90тите и оттогаш како композитор, вокалист, инструменталист и музички продуцент учествува и соработува во бројни музички изданија и живи настапи, меѓу кои се проектите на „Фулиш Грин“, „Легијата“, „Гринаут“, СТР2, ЛД Пистолеро, САФ, Џака Накот, Против Сите и колаборација со многу домашни и странски артисти (копродуцент, аранжер, вокал, итн.).

Покрај учеството во бројните проекти на македонската популарна музичка сцена, тој работи и како композитор и саунд-дизајнер во областа на филмот, телевизија, театарски претстави, адвертајзинг и веб-содржини. Повремено настапува и како диџеј, инспириран од македонската забавна музика од минатиот век. Важи и за собирач, селектор и промотер на македонската евергрин музика која потекнува од 50тите години па навака.

Настанот е реализиран со поддршка од Министерство за култура на РСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот