Немојте да верувате во сѐ што ќе прочитате за слабеењето

Фото: Профимедиа

Секој човек посакува да има вита линија и совршено обликувана фигура. Но, за жал, на малкумина им успева да го постигнат тоа без многу труд.

Ако сте склони кон дебелеење, тогаш најверојатно досега сте се обиделе со десетици најразлични диети, со кои сте постигнале повеќе или помалку резултати.

Лошите резултати, кога станува збор за диета, најчесто се базираат на лошиот избор на храна, бидејќи секоја диета различно влијае врз различните луѓе. Има голема вистина во тоа дека секој човек е различен. Па така, од некоја диета некој слабее брзо, а со истата друг не ослабува ни килограм.

Диета што секому му одговара

„Оваа диета секому му одговара“, е реченица што често може да се слушне. Но, дали навистина е така?

Секој организам различно реагира на одреден тип храна. Ова е вистината. Ако навистина ја најдете соодветната диета за вас (која зависи не само од храната што ја внесувате, туку и од тоа дали имате одредени заболувања, дали целиот живот имате вишок килограми, како и какви се вашите дневни активности), килограмите ќе почнат многу брзо да се топат. Но, ако одбраниот начин на исхрана не соодветствува со вашиот организам, во тој случај само непотребно ќе гладувате. Резултатите нема да ги задоволат вашите очекувања.

Престанете да го јадете тоа

Најчесто, кога станува збор за слабеење, се советува првото нешто што ќе го исклучите од исхраната да бидат тестенините (лебот, макароните, шпагетите, јувките, тараната), потоа шеќерот, јајцата и месото.

Но, тоа не е точно. Постојат луѓе што ослабеле иако редовно ја внесувале оваа храна во своите оброци.

За да бидете здрави, навистина треба ваквата храна да престанете редовно да ја јадете, но во никој случај немојте да се доведувате во ситуација комплетно да се откажете од неа. Слободно можете да си најдете соодветен начин на исхрана што првенствено вам ви одговара и во кој ќе имате еден ден во кој ќе јадете благо и леб, а друг ден месо.

Profimedia

Немојте да верувате во сѐ што ќе прочитате

Во последно време сѐ почесто се зборува за слабеење и здрав начин на исхрана. Како последица на ваквата заинтересираност сѐ почесто можат да се прочитаат написи со ваква или слична тематика.

За жал, сѐ што ќе прочитате, не мора да биде точно. Затоа внимавајте што читате и дали она што го пишува е соодветно за вас, за вашето тело и за вашиот интензитет на живеење и делување.

Ако ви е потребно стручно мислење или некој совет околу тоа како линијата да ја доведете до совршенство, сѐ што треба да направите е да побарате совет од стручни лица.

Нутриционистите ќе ви изготват конкретен режим на исхрана кој е наменет само за вас и со кој нема да си предизвикате штета по здравјето, а истовремено ќе го намалите и вишокот килограми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот