Немања и Сашка работат за светски фирми како програмери, живеат на село и одгледуваат органска храна
Валентина Ангеловска
Пред
Александра и Немања Стојановиќ/Фото: Приватна Архива
Македондецот по мајка Немања Стојановиќ и неговата сопруга Александра животот во Нови Сад каде се родени и пораснати го замениле со живот на село. Работат за светски фирми како програмери, а живеат во село Чуруг 30 километри од Нови Сад и одгледуваат органска храна. Во меѓувреме станаа и родители, на свет дојде Вид. За „Слободен печат“ ја раскажуваат својата приказна, како животот во Канада го заменија за преселба во село и зошто решија гратскиот метеж да го заменат со мир и тишина која ја носи околината на Нови Сад.
– Со немања сме заедно од студентските денови. Двајцата имае по 30 години и работиме за светски фирми од дома. Немања работи за фирмата „Кларвеј“ која има канцеларии насегаде во светот. Јас работам дигитален интернет маркетинг и имам своја фирма- вели Сашка како што ја нарекуваат блиските. Клиенти на Александра се светски реномирани фирми од Лос Анџелес, архитектонски фирми, а работи и за „Егзит“ фестивалот во Нови Сад како консултатнт. Од скоро работи и за две интернационални фирми кои прават машини за естетска медицина.
Александра и Немања Стојановиќ/ Фото: Приватна архива
На прашањето од каде идејата да се преселат во новосадско село и како решија градскиот живот да го заменат за селска средина Сашка вели дека еден период сакаале да се исселат надвор од Србија.
-Идејата дојде од корона кризата. Пред појавата на ковидот сакавме да се селиме за Канада. Подготвивме документи, се што ни требаше, собравме пари, но почна пандемијата и се застана. После короната забележавме дека странските фирми за кои работевме не се отворени за нови вработувања и не даваат емигациони визи за нас. Веројатно сватија дека можевме и од дома да работиме за нив и не им беше потребно да не носат таму- вели Сашка.
Александра и Немања Стојановиќ/Фото: Приватна архива
Така одлучиле да гледаат викендици бидејќи во ковид кризата скоро една ипол година цел ден го поминувале во двособен стан, Немања работел од кујна, Александра од дневна соба и тоа воопшто не им одговарало.
– Никаде не одевме, никој не сакаше контакти. Единствено излегување ни беше во Футог, место во околина на Нови Сад кај бабата на Немања. Се пакувавме и таму одевме цело време, работевме буквално надвор не ни требаше затворен простор. Некогаш останувавме и по цела недела- вели Сашка.
И така почнала потрагата по нивна викендица. Гледале викендици покрај Тиса зошто природата е убава и одржана. Но наместо викендица купиле куќа стара 100 години.
-Од потрага по викендица се роди идејата за куќа. Купивме куќа во Чуруг. Изборот падна на ова село поради добрата врска со Нови Сад. Чуруг беше доволно оддалечен од Нови Сад за да цените на недвижностите не се многу високи, но доволно блиску за да се стига до градот за половина час- вели Сашка.
Александра и Немања Стојановиќ/Фото: Приватна архива
Таа објаснува дека во куќата се веќе 2 години. Куќата е изградена во 1937 година. Ја реновирале целосно, срушиле ѕидови, смениле столарија.
– Остана само костурот на куќата. Сменивме покрив, врати прозорци, распоред. Ни одговара новиот начин на живот. Не патувам секој ден на работа и имаме мир. Засега работата од дома ни е супер. Работам кога сакам во текот на денот, можеме да направиме пауза кога сакаме и ми одговара да работам сама за себе- вели Сашка. Таа објаснува дека мора да има дисциплина и самоконтрола за да се сработи се како што треба.
-И понатаму доаѓаме постојано за Нови Сад. Таму ни е цело семејство. Имам веќе 10 годишно искуство, работев за многу фирми и конечно дојде време да работам сама за себе, сама да го организирам работниот ден. Немања има некое работно време, треба д абиде достапен од 10 сабајле до 5 попладне, но лесно можеш да се договориш со соработниците. Ако имаме некоја друга работа флексибилни се, се договара со тимот и може дополнително да одработи- вели Сашка.
Во однос на платите вели дека се заработува доволно за живот. Имаат многу повисоки плати отколку што е српскиот стандард. Немања заработува многу повеќе.
Сега работиме колку можеме имаме и дете и се распоредуваат обврските- вели Сашка.
Александра и Немања Стојановиќ/Фото: Приватна архива
Лично мисли дека немаат време за земјоделство, но Немања не мисли така. Има овоштарник и сите земјоделски потфати се негови.
-Јас да се прашувам ништо од тоа не би имале, мојата љубов се животните мачка и три кучиња и тао не ми е проблем мислам дека треба да земеме уште. Следен чекор е бизнис од тоа, планираме да отвориме хотел за кучиња и мачки, пансион за престој. Јас сум активна членка на друштво за заштита на животни во Нови Сад и јас уште три четири волонтерки организираме стерилизирање на уличните животни со помош на градот. Добро би ни дошло да не плаќаме за сместување на некое животно во пансион во градот туку да го сместиме кај нас бесплатно- вели Сашка.
Немања чува гуски, кокошки, одгледува органска храна. Сашка објаснува дека доколку би имал време се што јадат би го одгледал сам.
– Сам одгледува храна, сади овошје и прави домашен сок, одгледува органски зеленчук и тврди дека има време за тоа, јас лично не се согласувам- вели Сашка.
Александра и Немања Стојановиќ/Фото: Приватна архива
Преселбата од Србија засега е ставена во мирување, но не е исклучена.
– Би се исселила од Србија доколу ми се пружи прилика. И јас и сопругот секогаш сакаме повеќе, мислам дека исселувањето сега е само паузирано. Ако ни е укаже прилика секогаш сме за подобар живот. Многу ми пречи што има неред во државата, плаќаш данок незнаеш каде одат парите. Во Европа и светот не е така. Патуваме многу и приватно и службено и секаде има ред- вели Сашка.
Ги оставивме во мирот и тишината на Чуруг, со бебето кое има едвај пенаесетина дена да ја пишуваат својата селска приказна и да работат за успешни светски фирми.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Ексклузивен двоен јубилеен концерт со наслов „Првите мои 20 во 30“ на 2 октомври ќе се одржи во салонот на Националната опера и балет, а иницијатор на настанот што ќе донесе многу музика, љубов и хуманост е диригентот Ерхан Шукри. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Симбиоза на два оркестри со повеќе од 70 …
„Слободен печат“ во поддршка на старите занаети од Скопската чаршија. Преку интервјуа со занаетчиите ќе се обиде да ги спаси од заборав, да ги запозне младите генерации со традицијата која со векови се одржува во Чаршијата. Можеби прилозите ќе бидат поттик за некој млад човек некој занает да го одбере за своја идна професија и …