„Нема што повеќе да изгуби“: Се шпекулира дека Амбер Херд ќе пишува книга

амбер херд
Поранешните сопружници Амбер и Џони / Фото: EPA-EFE

Актерката Амбер Херд е во преговори да напише книга за зголемување на нејзиниот приход, откако загуби милиони долари на суд во случајот против поранешниот сопруг Џони Деп. Извор близок до актерката тврди дека таа е скршена и дека не е во позиција да одбие некаков прилив на средства.

„Амбер смета дека нејзината кариера во Холивуд е завршена. Веќе е во преговори и е возбудена поради тоа. Во моментов нема што да загуби и сака да раскаже сè“, за „OK! Magazine“ изјавил извор близок на актерката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Amber Heard (@amberheard)

Дрор Бикел, адвокат за разводи и автор на книгата „The 1% Divorce, When Titans Clash“, рече дека актерката може да се соочи со потенцијални тужби што книгата може да ги предизвика.

„Колку што Херд сака да раскажува за овој случај и за нејзината врска со Деп во книгата во која ќе зборува за сè, таа мора да биде крајно внимателна кога зборува за него“, рече Бикел, велејќи дека Деп и неговите адвокати ќе се фокусираат на сè што ќе каже Херд.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Amber Heard (@amberheard)

„Ако ја премине границата, што е веројатно, нема сомнеж дека ќе се соочи со уште една тужба за клевета и веднаш ќе заврши на суд“, додаде адвокатот.

Инаку, претставниците на Амбер Херд не ги потврдија ниту негираа написите за книгата. Амбер неодамна даде големо интервју за „NBC“ во кое рече дека е повредена од количината на омраза и гнев насочени кон неа, но дека не се покајала што го однела случајот на суд и покрај нејзината загуба и големиот публицитет.

Повеќе написи на темата:

ВИДЕО | Прво интервју на огорчената Амбер Херд по судењето: Не ја обвинувам поротата, Џони е одличен актер

 

Амбер Херд ја повтори клеветата во едно интервју: Ова е основа за нова тужба

Амбер Херд: Го сакав Џони Деп со целото мое срце

Поротник од судењето на Херд и Деп: Нејзиниот плач, изразите на лицето… Ни беше многу непријатно

Амбер Херд тврди дека записите на терапевтот ѝ ја потврдуваат невиноста, твитерџиите: Ова е твој ракопис

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот