Амбер Херд тврди дека записите на терапевтот ѝ ја потврдуваат невиноста, твитерџиите: Ова е твој ракопис

Фото: Твитер, Јутјуб-принтскрин

Актерката Амбер Херд не се откажува од обидот да ја докаже својата невиност против поранешниот сопруг Џони Деп.

Пред експлозивното интервју со Савана Гатри, Херд на „NBC“ телевизијата ѝ дала голем број белешки што нејзиниот терапевт ги пишувал за време на нивните сесии, а Гатри открива дека тие содржеле неколку описи на насилството за кои актерката сведочеше.

„Постои регистар кој ревносно собира белешки со години, кој датира од 2011 година, и во кој го пријавив злоупотребата кај мојот лекар“, рече Херд во клипот. Документите, прикажани на екранот, покажуваат еден случај од 2012 година во кој Деп наводно „ја удрил, ја фрлил до ѕид и ѝсе заканил дека ќе ја убие“.

Осум месеци подоцна, Деп наводно „ ѝја искинал ноќница и ја фрлил на кревет“, а во 2013 година наводно „ја фрлил во ѕид и и се заканил дека ќе ја убие“. Во меѓувреме, како одговор на интервјуто на актерката за „NBC“, портпаролот на Деп изјави за „Dateline“ дека актерот едноставно сака „само да продолжи со животот“ откако го добил случајот.

„Жално е што, додека Џони сака да продолжи со својот живот, обвинетата и нејзиниот тим се враќаат на повторување, смислување и повторно гонење на работите веќе решени од судот, едногласно и недвосмислено одлучени од поротата во корист на Џони“, пренесува „NY Post“. 

Нејзиното тврдење предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, а повеќето коментатори немаат доверба во актерката и веруваат дека сама ги напишала белешките бидејќи биле напишани со ракопис кој многу наликува на нејзиниот.

„Дали јас сум единствениот што гледа екстремно сличен ракопис во овие два примера? Лево е писмото што Амбер му го напишала на Џони Деп, а десно се „белешките на терапевтот“, напиша еден коментатор на „Твитер“.

„Сомнителни сличности меѓу ракописот на Амбер Херд и белешките на нејзиниот терапевт. Обрнете посебно внимание на начинот на кој се пишуваат „е“, „ф“ и „т“, напиша друг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот