Нема ракомет во Првата лига, поради ковид-19 суспендирана и групата „Б“!

фото: РК Металург

Поради големиот број на пријавени заразени ракометари во екипата на Работнички, РФМ донесе одлука и го суспендира натпреварувањето и во групата „Б“ од македонската Суперлига.

Ракометот во оваа група ќе мирува во следните 15 дена, после кои ќе се направи нов скрининг и ќе се донесе соодветна одлука.

Претходно, РФМ го суспендираше и натпреварувањето во групата „А“, каде дури четири екипи пријавија заболени од ковид-19.

Реакција од РК Охрид: Нема нов бран на заразени од вирусот ковид-19!

По серијата позитивни случаи на коронавирус во суперлигашките екипи, федерацијата ги извести прволигашките клубови дека се одложува почетокот на сезоната во Првата лига на неодредено време.

Во првото коло, кое требаше да се игра в сабота, екипата на Металург 2 ќе му биде домаќин на тимот на РК Партизан. Новиот датум за почеток на Првата лига дополнително ќе биде одреден.

Засега останува да се играат само натпреварите од женската Супер лига, а сѐ уште е неизвесно дали ќе продолжат натпреварите од петтото коло во машката Супер лига во групата „Б“, по појавата на коронавирус во редовите на Работнички.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот