Реакција од РК Охрид: Нема нов бран на заразени од вирусот ковид-19!

фото: indiamart.com

Ракометниот клуб Охрид ја информира јавноста дека нема втор бран на позитивни случаи на коронавирус. 

Во текот на денешниот ден охриѓани објавија дека пет ракометари се заразени, како и еден член на управата.

РК Охрид потоа реагираше на пласирањето на информациите после резултатите од тестирањето и замолува да не се информира тенденциозно.

– Почитувани новинари, ве информираме дека во РК Охрид нема втор, ниту нов бран на заразени од вирусот ковид -19. PCR тестовите на ракометарите, стручниот штаб и логистиката во клубот се направени веднаш после откривање на првиот позитивен случај во екипата.

Ве замолуваме да не информирате тендициозно, бидејќи ситуацијата е доста сериозна и ние како клуб преземаме сериозни мерки за заштита на здравјето на ракометарите, стручниот штаб и логистиката во клубот – информираат од ракометниот клуб Охрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот