Нема ништо од Ролан Гарос, тој е мртов

Поранешниот француски тенисер Јаник Ноа, тврди дека францускиот грен слем турнир нема да се одржи оваа година.

Еден од четирите грен слем турнири Ролан Гарос, поради пандемијата на коронавирусот е одложен за крајот на септември.

Стартот на грен слем турнирот кој се игра во Париз, е закажан за 20 септември, но Јаник Ноа не е сигурен дека и во тој термин ќе се одржи.

– Во Париз се обидуваат да направат се за да се одржи турнирот и да избегнат ново откажување бидејќи така им се заканува економска катастрофа. Јас мислам дека Ронал Гарос е мртов, нема да се игра оваа година – изјави Ноа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот