Нема инсулин „Тресиба“, дијабетичарите да се снаоѓаат до понеделник

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Нема инсулин „Тресиба“ за дијабетичарите, потврдува шефицата на депото Славица Јуруковска за „Слободен печат“. Станува збор за инсулин кој што е на листата на набавени инсулини, се очекува да пристигне до петок, а најдоцна до понеделник да се најде во инсулинските аптеки. Покрај овој инсулин, дефицит има и за „Оземпик“, инсулинско пенкало кое се почесто почна да се злоупотребува за брзо и лесно слабеење, бидејќи го супресира апетитот. „Оземпик“ го користат и луѓе што немаат дијабетес.

-Последната информација е дека во петок ќе има Тресиба. Има и недостиг на ленти за мерење шеќер поради тоа што тендерот е завршен, ама лентите треба да ги добиеме во мај, но не знам точно во кој период од мај. Според протоколите на СЗО и на ЕМА ако дојде нов пациент, мораме да имаме на лагер инсулинско пенкало за итни случаи. Му даваме едно пенкало да ги задоволиме моменталните потреби. Во други случаи ги враќаме пациентите до лекарите да им г осменат инсулинот бидејќи тековниот што им е препишан го немаме, ни изјави Јуруковска.

Пациентите се жалат дека имаат дневен и ноќен инсулин и кога едниот го нема да го подигнат од инсулинската аптека, „се трампаат“ со некој што го има и крпат крај со крај.
Недостиг во инсулинските аптеки има и за иглички и инсулински ленти.

Од Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија уште пред десетина дена поставија јавно прашање до Министерството за здравство до кога 44.500 лица со дијабетес во државата ќе живеат со ризици по животот.

„Како после недостиг на инсулин, снема ленти за мерење шеќер а сега нема ни инсулински игли, со што да аплицираме инсулин? Како ова е квалитетно менаџирање на дијабетес? Каде е антидијабетната терапија? Дали може да ни посочите до кога треба да сме толерантни и коректни? Министерот да и објасни на јавноста“, побараа оттаму.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот