НЕКОИ СЕКОЈ ДЕН ГИ КОНСУМИРАТЕ: 8 видови храна кои ги влошуваат мигрените

главоболка
Фото Профимедиа

Силните главоболки и мигрените може да бидат предизвикани и од одредени видови храна. На вас е да проверите дали ви се случува како последица на нешто што сте го изеле.

Она што е заедничко за сите главоболки е што може да бидат предизвикани од чад од цигари, од пушење цигари, алкохол, животна средина, хемикалии, стрес, хормони и други предизвикувачи.

Но, кои се најчестите „тригери“ меѓу хранливите продукти?

Меѓу нив се старите сирења, закиселените зеленчуци, солените јатки, печивата, благите овошја како смокви и папаја, банана, салами и колбаси, паштети, како и преголема количина кафе и чај.

Сепак, овие се најчестите влошувачи на состојбата:

Сувомеснати производи

Иако за ова нема медицински доказ, многу од оние кои водат дневник на исхрана, забележале дека главоболките и мигрените им се појавуваат во денови кога консумирале сувомеснати производи. Самото месо не би требало да е предизвикувач, туку конзервансите и солта, како и емулгаторите и подобрувачите на вкусот.

Банана

Многу диети и режими против мигрена ја исклучуваат бананата поради содржината на тирамин, состојка која ја има и во старите сирења. Забележете и вие дали чувствувате нешто по јадење банана.

Сладолед

Ако ви е прежешко, најлошо што можете да направите е да јадете сладолед или да испиете ладен пијалак. Најпрво, хидратирајте го телото со течност која е на собна температура. Ако имате чест проблем со мигрени, избегнувајте смрзнати десерти.

Соја сос

Овој популарен сос е многу солен и доведува до внатрешно дехидрирање на телото. Покрај тоа, може да предизвика и грчеви во стомакот, а по консумирање соја сос, на мигрена се пожалиле голем број пациенти во САД.

Старо сирење

Тука спаѓаат швајцарскиот кашкавал, гауда, чедар, пармезан и синото сирење. Колку сирењето е постаро, толку повеќе тирамин има во него. Научни наводи нема доволно, но сведоштвата на пациентите се побројни.

Кофеин

Консумирањето 2-3 шолји кафе или чај во поголеми временски интервали во текот на денот, нема да ви создаде многу проблеми. Но, доколку претерате, мигренозната главоболка е еден од симптомите кои сигурно ќе ги почувствувате.

Црвено вино

Црвеното вино, како и „обоените“ жестоки пијалаци го покачуваат крвниот притисок, ве дехидрираат, а и содржат бои и состојки кои се предизвикувачи на мигрени. Внимавајте со нивното консумирање.

Чоколадо

Иако темното чоколадо се смета за поздрава варијанта на омилениот десерт, во случај на мигрена какаото може да ви предизвика повеќе болки и проблеми. Ако имате апетит за благо при главоболката, избегнете ги чоколадните десерти.

Чајот од роза ја ублажува главоболката

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот