Чајот од роза ја ублажува главоболката

Архива на СП

Од дивата роза најчесте се употребува нејзиниот плод, но и цветот се користи во народната медицина, како и во козметиката. За правење ваков чај можат да се употребуваат и другите сорти на розата.

Чај од роза

Една лажица сув цвет од роза се прелева со 2 дл зовриена вода.

Се остава да отстои околу 20 минути, а потоа се процедува.

Чајот има пријатен, цветен вкус, а се користи за прочистување на крвта и како лесен лаксатив.

Се пие и при жолтица, прекумерно крварење за време на менструалнит циклус и при главоболка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот