Нека не ви биде здодевно ова попладне – Направете си лесна торта со банани и бискивити (РЕЦЕПТ)

Фото: Профимедиа

Состојки:

500 грама мелени бисквити

300 милилитри сок од лимон

150 грама шеќер во прав

250 грама маргарин

150 грама чоколадо за готвење

250 грама бадеми

1 килограм банани

500 милилитри слатка павлака

Подготовка:

Почнете ја подготовката на овој десерт со тоа што на пареа ќе ја стопите чоколадата за готвење. Кога таа ќе ја постигне посакуваната текстура, тргнете го садот од пареата.

Во друг сад, ставете ги претходно омекнатиот маргарин и шеќерот во прав. Со миксер вклучен на најголемата брзина, убаво изматете ја целата смеса додека шеќерот во прав комплетно не се стопи. Потоа додајте ги претходно мелените бисквити и измелените бадеми. Сето тоа убаво соединете го и добиената смеса, поделете ја на два дела. Во едниот дел, ставете ја стопената чоколада и убаво измешајте. На тој начин, вашиот десерт ќе биде поколоритен.

Земете го садот во кој ќе го филувате десертот и обложете го со кујнска фолија. На дното на садот ставете го делот со бисквити во кој ја ставивте растопената чоколада. Убаво измазнете. Врз целата површина на распоредениот пандишпан, наредете кругчиња банана што претходно сте ги испрскале со лимонов сок за да не потемнат.

Врз бананите ставете го светлиот дел со бисквитите и распоредете го по целата површина.

Целата торта намачкајте ја со слатка павлака.

Пред да го послужите десертот. Оставете го најмалку 2 часа да отстои во фрижидер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот