Неделкова бара милион денари од Јово Вангеловски

Еден милион денари за нарушување на честа и угледот во граѓанска постапка ќе побарува судијката Лидија Неделкова од нејзиниот доскорешен шеф и колега, судијата Јово Вангеловски, кој од ОЈО е обвинет за злоупотреба на службена положба и овластување.

Процесот започна денес го Кривичниот суд во Скопје. Вангеловски е обвинет дека како претседател на Врховен не ѝ исплатил додаток на плата на својата колешка, врховната судијка Лидија Неделкова.

Надлежна судијка во овој предмет е Даниела Алексовска-Стојановска. Според обвинението, на 30 ноември 2018, Вангеловски како претседател на судот донел поединечни решенија за сите судии во Врховен и им утврдил додаток на платата од 35 проценти. Овој додаток законски им следува на судиите поради посебни услови за работа, постоење висок ризик и доверливост.

Меѓутоа, такво решение тој не потпишал за Неделкова, која требало да земе додаток од 31.839 денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот