Неделен хороскоп, од 13. до 19. септември: Лоша недела за Близнаците, љубов за Рибите, среќа за Девиците!

коса
Фото: Unsplash

Оваа недела планетата Марс ќе го напушти знакот на Девица за да влезе во знакот на Вага, подготвен да им донесе нова енергија на сите воздушни знаци и не само на нив… А вие, во кој знак сте родени? Дознајте со нас што ви подготвуваат sвездите за оваа недела!

Овен: Марс во опозиција

За жал оваа недела планетата Марс ќе дојде во спротивност со вашиот знак: почнувајќи од среда, ќе започне прилично заморен период за вас, во кој често може да се почувствувате без енергија … Планетата Меркур, исто така во опозиција, сигурно нема да ви помагне, туку ви носи дополнителен стрес на работното место. Порелаксирани денови се: вторник, среда и четврток. Среќна Месечина ќе имате во петок и сабота, па искористете ја за размена на убави чувства!

Бик: кавги со партнерот

Планетата Венера која е во опозиција на вашиот знак почнува да се чувствува: во вашиот живот во пар ќе има нервози и расправии, особено во петок и сабота, кога исто така ќе се почувствува дисонантната и конфликтна Месечина. Подобро ќе биде да се фокусирате на денот недела, кој ќе биде многу помирен. До среда, исто така, можете да сметате на прекрасен Марс во поволна положба, што ќе ви даде добра енергија.

Близнаци: недела со лошо расположение

Драги Близнаци, оваа недела не започнува на најдобар начин за вашиот знак, но ќе станува се подобра секој ден! В понеделник, всушност, ќе мора да ја издржите Месечината во опозиција и неповолниот Марс, што ќе ви донесе нервоза и замор. Одлучете се за опоравување на енергијата почнувајќи од среда, кога Марс ќе се врати да ви се насмевне и ќе можете да вратите малку од загубената енергија. Среќна Месечина во петок и сабота, па искористете ја за нежности.

Рак: губење на енергијата

За жал планетата Марс ќе ви го сврти грбот оваа недела. Почнувајќи од среда, всушност, може да почувствувате пад на енергијата што, за жал, ќе трае и во следните недели. Понатаму, во вторник, среда и четврток, ќе мора да ја издржите опозицијата на Месечината која може да направи да се чувствувате уште понервозни. Среќно, пак, ќе биде викендот, кога ве очекуваат некои добри вибрации и емоции.

Лав: жестоки дискусии!

Оваа недела – почнувајќи од среда – планетата Марс ќе се врати активна во ваша корист, подготвена да ви даде многу поголем гриз и борбеност што ќе ви требаат за да се соочите со сите тешкотии, особено во областа на чувствата. Венера во неповолна положба, всушност, создава конфликти и тензии во љубовната сфера. Обрнете посебно внимание на петок и сабота, кога може да се случат жестоки дискусии …

Девица: среќни денови!

Драги Девици, планетата Марс ќе остане во вашиот знак до среда, но ќе можете долго да уживате во неговите придобивки во однос на енергијата и на здравјето. Поволната Венера, од своја страна, ви носи среќа во однос на чувствата. Најдобри денови во неделата ќе бидат вторник, среда и четврток, кога исто така ќе имате прекрасна Месечина на ваша страна! Меѓутоа, „не“ ден е денот недела.

Целиот текст прочитајте го ТУКА.
Извор: Еспресо.мк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот