Неби Хоџа е повторно реизбран за претседател на Стопанската комора на северно-западна Македонија

Неби Хоџа / Фото: МИА

Стопанската комора на северно-западна Македонија го одржа своето четврто изборно Собрание на кое главни точки беа потврдување на новите членови на Собранието, избор на претседателот и потпретседател на Собранието, како и избор на нови органи на комората.

Делегатите за претседател го избраа повторно Неби Хоџа, кој ќе има мандат од 4 години.

Хоџа во својот говор кажа дека компаниите во малите економи повеќе се експонираат на надворешните влијанија кои носат пречки и тешкотии.

– Сведоци сме дека компаниите во малите економии се повеќе изложени на надворешните влијанија од каде доаѓаат пречки и тешкотии кои што им оневозможуваат на деловните субјекти да ги развиваат своите деловни работи. Во годините е направен прогрес, но не треба да престанат чекорите на Комората, се до заедничко развивање на домашните бизниси – рече Неби Хоџа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот